Македонското Собрание денеска ги усвои измените и дополнувањата на три закони од економска сфера, со што се отвора простор за намалување на висината на казните за стопанските субјекти во просек за 30 отсто. Како што соопшти министерството за економија, со измените на Законот за угостителската дејност, на Законот за трговија и на Законот за вршење на занаетчиската дејност се излезе во пресрет на барањата на стопанствениците и бизнис заедницата. Со измените на овие три закона се врши намалување на глобата во просек од 30%, па до 50% и се интервенира во делот на надзорот и казнените одредби од законот, при што се врши рангирање на прекршоците со воведување на укажување за сторениот прекршок и врачување покана за едукација за прекршоци проценети со незначителна опасност, во постапка пред воведување на прекршочна постапка, се вели во соопштението.
Македонското Собрание денеска ги усвои измените и дополнувањата на три закони од економска сфера, со што се отвора простор за намалување на висината на казните за стопанските субјекти во просек за 30 отсто.
Како што соопшти министерството за економија, со измените на Законот за угостителската дејност, на Законот за трговија и на Законот за вршење на занаетчиската дејност се излезе во пресрет на барањата на стопанствениците и бизнис заедницата.
Со измените на овие три закона се врши намалување на глобата во просек од 30%, па до 50% и се интервенира во делот на надзорот и казнените одредби од законот, при што се врши рангирање на прекршоците со воведување на укажување за сторениот прекршок и врачување покана за едукација за прекршоци проценети со незначителна опасност, во постапка пред воведување на прекршочна постапка, се вели во соопштението.
Според ресорниот министер за економија Фатмир Бесими главна цел на усвоените законски измени е да им се излезе во пресрет на стопанските субјекти во насока на намалување на финансиските последици од изречените казни, а со тоа да се ублажат последиците од светската економска криза.